Македонија
3. May 2025 - 16:42
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
Лицата со инвалидност се уште имаат проблем со пристапноста кон голем број објекти, улици и тротоари кои им го попречуваат секојдневното движење и живеење. Не се обезбедени патеки со чија помош овие лица ќе имаат олеснет пристап. Архитектонските бариери но и социјалното исклучување од секојдневното живеење никако да се решат.
Голем проблем е и транспоротот кој не функционира и ги ограничува лицата со попреченост да останат дома и да неможат да се вклучат во многу активности.
Лицата со инвалидност упатуваат апел за поголема заложба кон преземање на конкретни мерки со кои ќе се зголеми и подобри интеграцијата во сите аспекти на социјалниот, економскиот, спортскиот и културниот живот.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->