Се популаризира планинарскот туризам во Пехчево
Планинарите од планинарското друштво „Кадиица“ од Пехчево во соработка со Општина Пехчево и приватниот туристички сектор работат на популаризација на планинарскиот туризам.
На денешната прес-конференција, претседателот на ПД „Кадиица“ од Пехчево, Марјан Митриновски, кој е и локален туристички водич, истакна дека изминативе две години во Пехчево се изградени неколку планинарски патеки до најинтересните планински врвови за кои постои огромен интерес за планинарење од страна на планинари од целиот Балкан.
- Во општина Пехчево во последниве години условите за развој на планинарскиот туризам се на многу високо ниво. Во соработка со хотел „Гогов“ имаме обележано повеќе планинарски патеки, а стандардната маршрута ни е до врвот Кадиица во должина од 25 км, потоа до врвот Ченгино Кале, имаме обележано мотопатека во должина од 36 км, потоа во соработка со хотел „Гогов“, општина Пехчево и ние планинарите, изградивме адреалиснка патека и зип линија која е единствена од таков вид во државава и пошироко, рече Митриновски.
Тој додаде дека љубителите на планината од целиот Балкан се чести гости на врвот Кадиица на 1932 метри, бидејќи од Кадиица има најубав поглед на Пирин и на Рила.
Викендов што измина во Пехчево се одржа Првата меѓународна планинарска средба на планинари од Бугарија, Србија и Македонија по текот на веќе традиционалните меѓународни средби на Беласица, Титов Врв, Руен што се покажа како одлична формула за промоција на планинарскиот туризам.
- Дојдоа планинари од цел Балкан, од Србија, од Бугарија, од Македонија. На врвот бевме околу 300 планинари, од кои 150 планинари се искачија од бугарска страна, меѓу кои и планинарите од Србија, а од наша страна се искачија планинари од 18 друштва, како и околу 30 планинари од Бугарија од Ќустендил, додаде Митриновски.
Соработката со планинарите од Бугарија, посебно Влаинката од Софија со потекло од Крушево, Марија Атанасова од Туристичко друштво „Драгалевски орли“ и Стојан Јотов од Петрич, најавува дека планинарската средба на Кадиица ќе стане традиционална, а има најава за учество на планинари и од другите држава што од своја страна ќе му донесе на Пехчево нов квалитет во туристичката понуда што е и стратешка цел на малата малешевска општина.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.
-
Арсовска нема да се кандидира за нов мандат на претстојните локални избори