-->
-->
СДСМ: Започнува исплата на субвенции за тутун, дополнителни 307 милиони денари насочуваме кон тутунарите
-->

На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој.
Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.
Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите.
Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите.
Тутунарите да бидат спокојни, субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.
Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание