СДСМ: Реконструкцијата на магистралниот пат Кочани-Делчево неостварено ветување на власта
Претседател на Комисијата за транспорт на СДСМ Благој Бочварски денеска на прес-конференција обвини дека ветената реконструкцијата на магистралниот пат Кочани-Делчево од страна на власта не е остварена.
- Јавното претпријатие за државни патишта испланира проект за рехабилитација на магистралниот пат Кочани-Делчево. Како што гледате тоа ветување не е исполнето. Проблематичната делница Кочани - Македонска Каменица со должина од 14км. не е ниту почната, истакна Бочверски.
Според него проектот за рехабилитација требало да биде готов до Август 2016 но рече дека прашање и зошто сеуште не се отпочнати градежните активности.
Бочварски обвини дека несериозениот однос на власта ја смести Македонија на дното во регионот според средствата потрошени за одржување патишта кои изнесуваат 3.330 евра за еден километар.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица