СДСМ: Оперативниот план за вработување вреден 24,5 милиони евра опфаќа над 10.000 граѓани
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.
Еден од мeханизмите е и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување кој за оваа 2021 година е предвиден во вредност од 1,5 милијарда денари, односно околу 24,5 милиони евра, преку кој ќе бидат опфатени 10.279 лица.
Со овој Оперативен план, различни ранливи категории на невработени лица, млади лица, жени, лица со попреченост, лица кои ја загубиле работата поради корона кризата, побрзо и полесно да пристапат на пазарот на трудот и да добијат вработување.
Невработените лица и работодавачите веќе можат да аплицираат за програмите и мерките за вработување за кои веќе се објавени јавните огласи, односно за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плати, програмата Практиканство, мерката Обука на работно место за познат работодавач и програмата Јавни Работи.
Сите оние кои ги исполнуваат критериумите, да се пријават за да бидат опфатени со некоја од мерките и програмите од Оперативниот план.
Грижата за сите, а особено за најранливите категории граѓани продолжува уште повеќе и уште подобро.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
