СДСМ: Младите се за ЕУ, а не за изолација со која им се закануваат Мицкоски и ДПМНЕ
Македонските млади се за членство во ЕУ а не за изолација со којашто им се заканува Мицкоски.
Изолацијата е цунами за младите, затоа што нова изолација значи и нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и без перспективност.
Младите немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги фрлат во ветер, само затоа што Мицкоски нема капацитет, ниту основно чувство за државност.
Единствениот начин за драстично подобар живот на младите е да живеат во европска држава.
Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.
СДСМ не навлегува во тоа дали и денешниот настан е дел од внатрешните превирања, кавги и дворски игри во ДПМНЕ.
Но, едно е јасно, младите нема да дозволат да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена не им мислат ништо добро.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта