СДСМ: Ќе работиме да се тргне блокадата на европскиот пат
СДСМ заедно со партиите од проевропскиот блок е целосно посвестена на обезбедување на европска иднина на државата.
По 17 години во чекалната, успеавме да направиме крупни чекори и конечно да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ.
Преговорите со ЕУ ги водиме со заштитен и потврден македонскиот јазик и идентитет и сега потребен е уште еден исчекор за забрзување на евроинтегративниот процес а тоа е носењето на уставните измени кои се јавно објавени и против кои никој, вклучително и ДПМНЕ, нема против.
Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на стратешката цел - членство во ЕУ до 2030 година.
СДСМ е за интеграција и ќе направи сѐ да ја тргне блокадата на патот на европските интеграции на државата.
Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да бидат блокирани од ДПМНЕ, туку продолжуваме и понатаму да работиме на врвните национални и државни интереси и да обезбедиме мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја