СДСМ: Една година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и општините ништо не презема за загадениот воздух
Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и во општините и покрај алармантната ситуација со загадениот воздух не презема ништо за да се заштити здравјето на граѓаните.
Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овој проблем.
Се што прават локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година не е спречување, туку поттикнување на загадувањето.
Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба.
Трикратно ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица.
Нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови.
Центарот на Скопје и многу урбани населби се преплавени со смет.
Ова е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се интересира само провизиите и рацете во медот, но не и за интересите и потребите на Скопјани.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Македонија ќе има индиректен бенефит од крајот на војната во Украина
-

Бебиња со респираторни инфекции ја полнат Детската клиника
-

Депонијата Буково канцерогена бомба
-

Костенот едно од традиционалните бележја во Македонски Брод
-

Преглед на вестите од светот
-

Поплави во југозападна Македонија – Жителите најавуваат тужби за штетите
-

Тема на денот со Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците
-

Три години казна затвор за Асани во случајот со Веапоска
