-->
-->
СБ на ОН ќе гласа за истрага на хемиските напади во Сирија
-->
Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа предлог-резолуција, со која се предвидува формирање експертски тим со цел да се утврди кој е одговорен за нападите со хемиско оружје во Сирија, со што ќе се отвори пат и за евентуални санкции.
Гласањето е закажано откако американскиот државен секретар Џон Кери ја доби поддршката од Русија за оваа мерка на средбата во средата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ќе има задача во рок од 20 дена да го поврзе тимот со Организацијата за забрана на хемиско оружје со седиште во Хаг. Експертите своите први сознанија ќе му ги достават на Советот 90 дена по почетокот на истрагата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања