Самостојна изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих
Самостојна изложба на хрватскиот уметник Владимир Фрелих, насловена „Black Raw Memory“, вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музејот на современата уметност.
Изложбата е инспирирана од нештата што нѐ опкружуваат и кои оставаат во нас емотивна трага - позитивен или негативен став. Она што не ни се допаѓа, наведува МСУ во најавата за изложбата, и го сметаме за потрошено, расипано или непријатно, го потиснуваме складирајќи го на некое место каде што нема да ни се испречува и да нѐ потсетува во секој момент.
- Со време тоа место е сѐ пооддалечено од нас. Според уметникот, поединци, општества, институции, села, градови, држави, секојдневно ги отфрлуваат деловите од својот мемориски и материјален идентитет, градејќи за себе утописка, епско-идеална слика во огледало, посочува МСУ најавувајќи ја изложбата на хрватскиот уметник Владимир Фрелих.
Тој дипломирал на Ликовната акдемија во Диселдорф, Германија. Се занимава со концептулно мултимедиски дела, кои доаѓаат често до граничните подрачја на медиумот.
Од 2007 година е професор на Уметничката академија во Осиек на отсекот за мултимедиуми, а од 2010 е гостин професор на Академијата за уметности во Нови Сад.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта