Саем на книгата во библиотеката во Куманово
Kумановската библиотека „Тане Георгиевски“ во соработка со издавачката куќа „Култура“ од Скопје, организираат петднeвен Саем на книгата, кој почна денеска и ќе трае до 21 мај.
На Саемот, соопштија од библиотека, кумановци ќе имаат можат да се снабдат со книги со попуст.
- Саемот на книгата во Куманово е одлична можност за љубителите на книгата да ги збогатат своите домашни библиотеки. Саемот нуди широк избор за сите генерации и вкусови, изјави директорот на кумановската библиотека, Марјан Петковски.
Тој додаде дека и во наредниот ќе се организираат вакви саеми на книги со различни издавачки куќи. Заинтересираните читатели имаат можност да го посетат штандот наредните денови во периодот од 10 до 19 часот.
Љубителите на книгата освен што ќе имаат можност да ги видат актуелните изданија на „Култура“, ќе имаат можност да присуствуваат на промоција на најчитаниот македонски автор на Издавачката куќа „Култура“, Милијана Павловска.
Ново на Сител
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари
-
Преглед на вестите од светот