САД разочарани од изборите во Белорусија
САД соопштија дека се разочарани од претседателските избори во Белорусија, наведувајќи оти поранешната советска република не ги исполнила меѓународните обврски за одржување на слободни и фер избори.
Стејт департментот наведе дека меѓународните набљудувачи укажале на „сериозни проблеми“ на изборите што се одржаа во неделата, на кои петти мандат освои Александар Лукашенко.
- Јасно е дека Белорусија има уште долг пат кон исполнување на своите демократски обврски, изјави вчера шефот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Кент Хастед.
Централната изборна комисија соопшти дека претседателот на Белорусија Александар Лукашенко (61) освои 83,49 отсто од гласовите и обезбеди петти мандат.
Активистката од кампањата „Зборувај вистина“ Татјана Короткевич е втора, со освоени 4,42 отсто од гласовите на избирачите.
Одзивот на изборите во Белорусија бил 86,75 отсто.
Двајцата противкандидати на Лукашенко на претседателските избори - лидерот на Либералн-демократската партија Сергеј Гајдукевич и лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Улахович, веќе му ја честитаа победата.
Лукашенко за шеф на државата избран е во 1994, 2001, 2006 и 2010 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко