САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските граѓани ширум светот да ги зголемат своите безбедносни мерки по невидениот напад на Вашингтон врз стратешките ирански нуклеарни локалитети, објави ДПА.
На веб-страницата на Стејт департментот се вели дека постои зголемена закана за граѓаните на земјата, како на американска територија, така и во странство.
- Како резултат на конфликтот меѓу Израел и Иран, има промени во распоредот на воздушниот сообраќај и периодично затворање на воздушниот простор на Блискиот Исток, се објаснува во препораката.
„Постои можност за демонстрации против американските граѓани и интереси во странство. Стејт департментот им советува на американските граѓани ширум светот да ја зголемат својата претпазливост“, се вели во предупредувањето.
Министерството за внатрешна безбедност, пак, го вклучи алармот за „ситуација на зголемена закана во Соединетите Држави“.
Конфликтот со Иран го зголемува ризикот од проирански кибернапади и акти на насилство од страна на екстремисти, тврди одделот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги