Руска амбасадорка: Путин ќе присуствува на самитот на Г-20 во Индонезија

Рускиот претседател Владимир Путин има намера да присуствува на годинашниот самит на Г-20 во Индонезија, изјави руската амбасадорка во островската држава Људмила Воробјова, спротивно на тврдењата на некои земји дека Русија ќе биде исфрлена од групата.
САД и западните сојузници проценуваат дали Русија треба да остане дел од форматот што ги обединува дваесетте најголеми економии во светот по нападот на Украина.
Амбасадорката на Русија во Индонезија, актуелен претседавач на Г20, рече дека Путин планира да пристигне на индонезискиот остров Бали на состанокот во ноември.
„Тоа ќе зависи од многу, многу работи, вклучувајќи ја и ситуацијата со пандемијата на Ковид-19, која се подобрува. Засега тој сака да присуствува“, рече на прес-конференција амбасадорката Воробјова.
Ново на Сител
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
-

Мицкоски: За реконструкција уште не е разговарано меѓу партиите
-

Се одложи судењето за Веаповска
-

Преглед на вестите од светот
-

Во тек е акцијата за генерално чистење на Скопје
-

Конституиран советот на Град Скопје
-

Скопје добива и градски воз
