-->
-->
Русите нападнаа детска градинка во Харков
-->

Едно лице загина, а седуммина се повредени, меѓу кои и деца во руски напад на Харков извршен утрово.
Руските сили утринава со дронови го нападнаа Харков, а една од целите била и приватна детска градинка во Холоднохирскиот округ. На местото на нападот избувна пожар, потврди градоначалникот Игор Терехов.
– Седум лица повредени по директен руски напад на градинка во Харков. Едно лице загина. Руското варварство не познава граници. Повикувам на силни реакции и чекори за Русија да ја почувствува цената на нејзините злосторства. Разговорите не можат да го запрат овој терор. Оружјето и санкциите можат, напиша на Х украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
