Русија: Првото семејно насилство веќе не е кривично дело
Руската Дума изгласа закон со кој за семејно насилство не се предвидува кривична одговорност, ако истото е сторено првпат.
Законот е поддржан од 380 од вкупно 450 пратеници, а против се изјасниле само тројца.
За семејно насилство сега е предвидена само прекршочна одговорност во случај насилството да е извршено првпат. Во случај на повторување на насилството законот предвидува кривична одговорност.
Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин претходно го поддржа законот за декриминализација на полесните повреди во семејството, со образложение дека резултатите од социолошките истражувања покажуваат оти тоа го поддржуваат поголемиот број граѓани.
Серускиот центар за испитување на јавното мислење ги објави резултатите од истражувањето според кои 19 проценти од испитаниците дозволува можност за примена на физичка сила во семејството. Повеќе од половината анкетирани (59 отсто) ја одобрија идејата за декриминализација на насилството во семејството за тие што првпат извршиле такво дело.
Ново на Сител
-
Најмалку 30 мртви по уривањето на скелето во црквата во Етиопија
-
Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште
-
Кац: Палестинците кои ќе останат во Газа ќе се сметаат за терористи
-
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025
-
Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025
-
„Еурактив“: Косовска лекција не учи зошто на Газа и е треба нешто повеќе од протекторат
-
Волстрит џурнал: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија
-
Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“