Најмалку 30 мртви по уривањето на скелето во црквата во Етиопија
Бројот на жртви од уривањето на црква во изградба во регионот Амхара во Етиопија се искачи на најмалку 36, а повредени се повеќе од 200, во споредба со првичниот извештај од 25.
Шефот на окружната полиција Ахмед Гебејеху изјави дека бројот на жртви се искачил на 36 и дека може да се зголеми, додека повеќе од 200 лица се повредени и примаат медицинска помош во локалните болници.
Според локалниот функционер Атнафу Абате, неколку лица се уште се заробени под урнатините, а оние со сериозни повреди се префрлаат во болниците во Адис Абеба, објави Си-Би-Ес Њуз.
Инцидентот се случи во црквата Мењар Шенкора Арерти Маријам во Амхара, северна Етиопија, додека верниците се собирале на годишен настан посветен на прославата на Света Марија.
Сејум Алтаје, доктор во локалната болница, изјави дека меѓу жртвите има деца и постари лица.
-Досега потврдивме 25 мртви и повеќе од сто повредени, рече Алтаје, додавајќи дека болницата бара поддршка од Црвениот крст за да се грижи за повредените.
Тешале Тилахун, локален службеник во Амхара, предупреди дека бројот на жртви може да биде поголем. „Ова е трагична загуба за целата наша заедница“, рече Тилахун.
МИА
Ново на Сител
-
Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Ѓуриште
-
Кац: Палестинците кои ќе останат во Газа ќе се сметаат за терористи
-
Четврти ден кампања за Локалните избори 2025
-
Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025
-
„Еурактив“: Косовска лекција не учи зошто на Газа и е треба нешто повеќе од протекторат
-
Волстрит џурнал: САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за напади со ракети со долг дострел во Русија
-
Кошта: Мораме заеднички да се соочиме со заканите и да изградиме „Европа на одбраната“
-
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 72