Loading Video...
Свет
1. October 2025 - 12:22

Преглед на вестите од светот

Во напад со руски водени воздушни бомби врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта беа повредени шест лица и предизвикани неколку пожари, соопштија регионалните власти утрово.  Пожарникарите во текот на ноќта се бореа со пожарите. Регионот Харков, кој се наоѓа во близина на границата со Русија, е цел на редовни руски воздушни напади од почетокот на војната.

Во текот на вчерашниот ден во друг рускиот напад врз украинскиот град Дњепар, бројот на повредени е приближно 20 соопштија локалните медиуми. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека официјална Москва со секој таков удар докажува дека е потребно да се изврши силен притисок врз Русија и да се воведат „поболни санкции за агресорот“. 

Катар смета дека е потребно да се разјаснат деталите и да се одржат дополнителни преговори околу планот за мир за појасот Газа, кој го предложи американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.

- Планот се уште е во почетна фаза и треба дополнително да се развие и објасни, изјави катарскиот премиер Мохамед Ал Тани за Ал Џезира.

Тој посочи дека особено е потребно разјаснување во врска со механизмот за повлекување на израелските трупи од крајбрежната област. Планот што го претстави Трамп бара „дискусија за деталите и како тие треба да се спроведат“, рече Ал Тани.

Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 6,9 степени што го погоди централниот дел на Филипините се искачи на 69, изјави утрово официјален претставник за катастрофи. Владата ги мобилизира агенциите за пребарување на преживеани и обновување на снабдувањето со електрична енергија и вода. Земјотресот се случил непосредно пред 22 часот по локално време во вторник, предизвикувајќи прекини на електричната енергија и уривање на згради, вклучително и црква стара повеќе од 100 години. Локалните медиуми јавуваат за „повеќе смртни случаи“ во градот Сан Ремихио каде што во спортски комплекс се одржувал кошаркарски натпревар во моментот на земјотресот. Покраината Себу, една од најпопуларните туристички дестинации на Филипините и таму живеат приближно 3,4 милиони луѓе.