-->
-->
Русија почнува со вежби на своите стратегиски нуклеарни сили
-->

Руската армија од денеска почнува со масовна воена вежба на своите стратегиски нуклеарни сили насловена „Гром 2019“.
Руското Министерство за одбрана информира дека во тридневната воена вежба учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансери, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подморници.
Генерал-мајор Евгениј Иљин, шеф на одделението за меѓународна соработка во министерството, изјави дека две интерконтинентални балистички ракети ќе бидат лансирани врз цели на полуостровот Камчатка. Тој додаде дека и руските стратегиски бомбардери, исто така, ќе истрелаат крстосувачки ракети врз неколку цели.
Во последните неколку години Русија го прошири опсегот на воените вежби поради растот на тензиите со Западот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
-

Тошковски: Интерпелацијата е евтин политички обид да се закочи процесот на расчистување со криминалот и корупцијата
-

Во Битола 26 литри дожд на метар квадратен
-

Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата
