САД со нови санкции за Куба

САД вчера воведоа нови санкции за кубанските државни компании, кои според аналитичарите најверојатно ќе ги заплашат странските инвеститори и ќе ја продлабочат економската криза.
Според новите американски санкции, секој што обезбедува услуги за санкционираните кубански субјекти може да биде казнет и исклучен од американскиот финансиски систем.
Санкции се воведени за пет кубански ентитети од кои три се поврзани со „Групо де администрасион Емпресариал С. А“ (ГАЕСА) деловен конгломерат со кој управуваат Кубанските револуционерни вооружени сили. Конгломератот контролира речиси 40 отсто од бруто домашниот производ на Куба.
Помеѓу санкционираните се и компанијата за извоз и увоз, комерцијална банка за странските инвеститори, државната рударска компанија и најголемиот кубански производител на челик.
- Ситуацијата во Куба се влошува бидејќи корумпираниот, брутален и антиамерикански комунистички режим на островот продолжува да дава приоритет на сопствената целосна контрола врз слободата, можностите и основната благосостојба на кубанскиот народ, објави Рубио на платформата Икс.
Рубио, син на кубански имигранти, ги обвини „режимските елити“ дека го користат ГАЕСА за „крадење на оскудните ресурси на островот, пренасочувајќи ги за репресија, антиамериканска субверзија и шпионажа наместо за училишта, електрани и основни потреби на кубанскиот народ“.
Шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез ги отфрли санкциите, нарекувајќи го Рубио „нечесен и лажго“.
- Куба се покажа посилна, поспособна и поефикасна отколку што очекуваше, наспроти суровата агресија и колективната казна наметната врз нејзиниот народ и нивните услови за живот. Она што оваа личност го промовира од најголемата светска сила е кривично дело, објави Родригез на Икс.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР од утре најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Црвениот крст на град Скопје со мобилни тимови на терен поради најавените топлотни бранови
-

Општина Ѓорче Петров одбележа 105 години од смртта на Ѓорче Петров
-

Ја задушил сопругата, телото го сокрил под гранки, па лажел дека му се јавила на сон за да ја спаси
-

Министерството за култура: Споменот на Владо Јаневски ќе живее преку неговите песни
-

Жештината одзема животи, илјадници без струја - стариот Континент сè уште ,,гори"
-

Влијателните ирански свештеници бараат Техеран да ги прекине преговорите со САД
-

„Златни денови“ Кратово со богата музичка програма на 3 и 4 јули – два дена забава за сите генерации
