Русија: Нарушувањето на турскиот воздушен простор е навигациска грешка
Русија ја информирала Турција дека нарушувањето на турскиот воздушен простор покрај сириската граница на 3 октомври било резултат на „навигациска грешка“, изјави извори од турската армија.
Како што пишува „Хуриет дејли њуз“, според истите извори, рускиот СУ-30 навлегол неколку стотина метри во турскиот воздушен простор над градот Јиладаг во округот Хатај во саботата, но се вратил во просторот над Сирија по добиеното предупредување.
Руските власти го информирале турскиот воен аташе во Москва за грешката, изјавија претставници на руската Амбасада во Анкара.
Руското летало го напуштило турскиот воздушен простор во насока на Сирија, откако било пресретнато од два ловци Ф-16 на турското Воено воздухопловство, кои патролирале во регинот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Протести го отежнаа сообраќајот во Скопје
-
Одложено судењето за „Онкологија“
-
Почна академската учебна година
-
Филипче: Се потешко се живее
-
Мицкоски: Албанците се иселуваат поради политиките на ДУИ
-
Шукова: Скопје ќе биде зелен град
-
Ѓорѓиевски: Нова сообраќајна инфраструктура во Скопје
-
Полицијата во акција против дилерите на дрога