Македонија
1. October 2025 - 12:33
Одложено судењето за „Онкологија“
Судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти се одложува за 8 октомври, откако одбраната на првообвинетиот Васев побара државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски да го преземе предметот или делегира на друго обвинителство. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска побара одложување за да може барањето да го проследи до обвинителството.
-->
-->