Русеф: Обидот за мое отповикување претставува „државен удар“
Бразилската претседателка Дилма Русеф денеска изјави дека обидите во Парламентот за нејзино отповикување од функцијата претставуваат „државен удар“, додавајќи дека ќе продолжи да се бори за социјалните програми и покрај актуелната рецесија.
Таа ги омаловажи обидите на опозициските пратеници да ја сменат од функцијата поради нерегуларности околу владиниот буџет.
Русеф својата изјава ја даде во Бразилија, најавувајќи ја третата транша од владината програма за изградба на станбени објекти.
Најголемата бразилска партија, Партијата на бразилското демократско движење (ПМДБ) вчера ја напушти коалициската Влада на претседателката Русеф, намалувајќи ги со тоа нејзините шанси да го надмине се поголемиот притисок во Конгресот, како и барањата за нејзино отповикување.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски