Loading Video...
Свет
1. May 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Четири лица загинаа а уште едно се бори за живот откако вчера попладне паднале во септичка јама во фарма во српскиот град Топола.

Според информациите кои ги споделија српските медиуми станува збор за татко, син и дедо кои се обидувале да ја исчистат септичката јама на фармата со свињи. Мајката се наоѓа во болница во тешка здравствена состојба и лекарите се борат за нејзиниот живот.

Првичните претпоставки се дека силните гасови кои ги создавале свиснките фекалии веднаш ги онесветиле фармерите а секој кој приоѓал да помогне ја доживувал истата судбина.

Онесвестен е и еден пожарникар кој без да знае без маска влегол да помогне во фармата.

Причината за смртта ќе ја прецизира обдукцијата која е во тек. Во Србија е прогласена тридневна жалост.

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави ноќеска соопшти дека Вашингтон и Киев во потпишале договорот за воспоставување „инвестициски фонд за реконструкција“ на Украина, кој на Америка ѝ овозможува пристап до украинските природни ресурси, по повеќенеделните тешки преговори.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вршеше притисок зa склучување на тој договор. Во Украина измешани чувства.

Трамп претходно кажа дека ги сака за САД ретките минерали на Украина како услов за продолжување на помошта на таа земја во војната со Русија која трае повеќе од три години. Украинците вчера објавија дека се спремни да го потпишат договорот.