Рурална коалиција: Земјоделците му дале двојка на МЗШВ од 2013 до 2016
Земјоделците не се задоволни од Министерството за зeмјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и неговата работа ја оценуваат со „двојка“, покажува најновата анализа на Рурална коалиција.
Критиките главно се однесуваат на периодот од 2013 до 2016 година, а незадоволството е особено големо заради нефункционалноста на работните тела кои треба да го обезбедат учеството на земјоделците во креирањето и спроведувањето политики во оваа област.
Како што наведува Рурална коалиција на својот фејсбук профил, ова се перцепциите и ставовите на 400 земјоделци од сите региони во државата, анкетирани во периодот октомври - ноември 2017.
Комплетните резултати од теренското истражување и анализата за транспарентноста на МЗШВ, Рурална коалиција ќе ги објави утре, на прес-конференција.
Истражувањето и анализата се дел од проектот „Отчетност за сработеното со парите на граѓаните - реформа на јавната администрација која тешко се достигнува“ што се реализира во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност - набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“, со поддршка од ЕУ.
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати