РСБСП: Возете внимателно за време на велигденските празници

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира на внимателно возење и почитување на сообраќајните прописи, како и дисциплинирано и смирено учество во сообраќајот за време на велигденските празници и продолжениот викенд.
- Продолжениот викенд и празничните денови значат и погуст сообраќај, зголемен интензитет и фрекфенција на патиштата, а тоа влијае за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди од кои некои и со фатални последици, велат од РСБСП.
Препорачуваат на пат да се тргнува само доколку возачот е дборо одморен, а возилото технички исправно.
- Оние кои патуваат на поблиските туристички места најчесто ги користат локалните и регионалните патишта и треба да имаат предвид дека освен возила, на овие патишта за време на празниците има голема фрекфенција на пешаци, велосипедисти и на мотоциклисти. Затоа, бидете особено внимателни, прилагодете ја брзината кон условите на патот и бидете максимално концентрирани за време на управувањето со моторното возило, посочуваат од РСБСП.
Алкохолот, додаваат, е една од водечките причини за сообраќајни незгоди, особено во период на продолжени викенди и празници.
- Младите возачи и возачите почетници најмногу страдаат во сообраќајни незгоди за време на продолжен викенд, а најчеста причина за тоа е брзото возење и возењето под дејство на алкохол. Честопати, во вакви ситуации, станува збор за сообраќајни незгоди со само еден учесник (излетување на возилото од патот, удар во бетонски столб итн), нагласуваат од РСБСП.
Ново на Сител
-

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија
-

Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти
-

Генерал Мандон: Франција има само три години да се подготви за евентуален руски напад
-

Грчко МНР: Герапетритис и Мицкоски на средбата во Лондон се осврнаа на многу добрата клима во билатералните односи
-

Од утревечер повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни
-

По смртоносниот пожар, оставка поднесе директорот на Домот за пензионери во Тузла
-

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот
-

Новиот градоначалник на Њујорк вели дека ќе стави крај на „културата на корупција“
