Мицкоски од Брисел: Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади ќе станат пракса
Ако ЕУ го толерира булингот на Бугарија кон Македонија, ваквите блокади може да станат пракса помеѓу останатите земји членки.
Премиерот Мицкоски од самитот посветен на проширувањето на ЕУ со порака дека Унијата мора да се запраша дали ваквиот однос на нејзите членки е според вредностите и принципите на кои е изградена.
Дали Европската Унија може да се дозволи да изгуби уште време праша и Кошта од Самитот посветен на проширувањето на Унијата.
Претседателот на Европскиот Совет пред лидерите на земјите кандидатки за членство порача дека проширувањето останува врвен приоритет на ова раководство на европските институции, како најдобра инвестиција во мирот. Украина, Молдавија и Западен Балкан природно припаѓаат во Унијата, вели Кошта, но сите земји кандидатки мора да ги испорачаат неопходните реформи.
Евроинтеграцијата на Македонија била во фокусот и на средбата на премиерот Мицкоски со претседателот на Европскиот Совет пред почетокот на самитот, а се разговарало и за заеднички стратешки важни проекти.
-На состанокот апсолутно ги повторивме нашите единствени позиции кои што навистина се позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија. Покрај приближувањето кон ЕУ и отпочнувањето на преговорите, имаше уште неколку проекти кои што се за нас стратешки важни, тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово. Понатаму, тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители, како и заедничкиот проект што нашата македонска Влада ќе го има со Европската комисија, а се однесува на проектите кои што треба да ги реализираме во Кочани и во кочанскиот регион, вели Мицкоски.
Само неколку часа по објавувањетоп на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, Мицкоски ќе има и работна вечерва со еврокомесарката за проширување Марта Кос.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
