РСБСП: Да се вози внимателно и одговорно на Илинден
Да се вози внимателно и одговорно за време на утрешниот празник Илинден, максимално да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се прилагоди брзината спрема поставените ограничувања и условите на патот, препорачува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Повикувајќи се на официјалните статистички податоци, Советот укажува дека во овој период од годината, посебно поради високите температури, двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, на загинати и повредени лица.
- Високите температури кои се најавуваат за оваа недела и традиционалното одбележување на Илинден, се очекува дополнително да го зголемат интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини и кон граничните премини. Досегашното искуство покажува дека фреквенцијата на возила е најголема на патниот правец кон Крушево каде што традиционално се одржува централната прослава на празникот, но и кон излетничките места, езерата и планините, предупредува РСБСП.
Особено вниманителни, смета, треба да бидат помладите и понеискусни возачи на деловите од патот кои не им се доволно познати или не им се прегледни, а големо внимание треба да се посвети на патниот правец Стража - Охрид каде сообраќајот се одвива со привремен режим и со зголемена фреквенција на возила.
- Задолжително почитувајте ја патната сигнализација, сообраќајните знаци, поставените семафори, поставената сигнализација која укажува за патен правец на кој се извршува градежна работа, реконструкција на патот или на дел од патот на кој има можност од појава на поголем одрон. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, без исклучок. Во моментов на неколку поголеми патни правци низ Републикава се изведуваат градежни работи кои на некој начин го отежнуваат движењето на возилата и одвивањето на сообраќајот и доколку не се почитува сигнализацијата, може да дојде до сообраќајна незгода, предупредува РСБСП.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Творештвото на Чемерски заслужува темелно да се истражи, документира и претстави
-

Од победник на ораторски вечери до Индија на Мис на светот | Чарна Невзати | Sitel Podcast 125
-

Од следната недела се воведува 18% ДДВ на онлајн-нарачки до 22 евра
-

Поради говорот на омраза на Додик, СНСД ќе плати казна од 15.000 евра
-

Советот на Европа бара поефикасно собирање податоци за справување со сексуалната злоупотреба на децата
-

Амандманската расправа за Буџетот за 2026 продолжува утре напладне
-

Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
-

Во Собранието амандманска расправа за Буџетот за 2026
