Роналдо и Буфон се сретнаа со две деца од Албанија што го преживеаја земјотресот
Албанскиот премиер Еди Рама им приреди вистинско изненадување и ретко доживување на Арелин и Алесио, деца од Туман, едно од најпогодените места од катастрофалниот земјотрес, кои скокнаа од тераса за да се спасат.
Откако беа пуштени од болница, по закрепнувањето од повредите и претрпениот шок, Рама двете деца ги однесе во Торино, каде веќе договорил средба со фудбалерите на Јувентус, Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон.
Децата, на чија радост и немало крај, добија и по еден убав спомен, маици со потпис од двајцата фудбалери, кои и овој пат потврдија дека иако се ѕвезди сепак се спортисти со големо срце.
Рама во видео снимката им се заблагодари на фудбалските ѕвезди и додаде дека ова е од големо значење, не само за децата, туку и за целата држава.
Тој исто така им објасни на двајцата фудбалери за земјотресот, кој ја погоди неговата земја утрото на 26 ноември и целата ситуација предзвикана од силниот потрес од 6,4 степен според Рихтеровата скала.
Ново на Сител
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија
-
Лимани: Демографијата е клучен приоритет на владата
-
Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања