Бизнис форум Македонија - Италија
За жал, и во 21 век идентитетот е категорија која земји што се нарекуваат европски се обидуваат да ја оспорат, рече утрово и мминистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања по македонско италијанската бизнис конференција.
Економската соработка меѓу Македонија и Италија е на високо ниво, но потенцијалот се уште не е доволно искористен, посебно во делот на енергетската транзиција, циркуларната економија, инфраструктурата, поврзувањето и технолошките иновации.
Компаниите од двете земји треба да ги интензивираат директните контакти и заеднички да придонесат за јакнење на долготрајните деловни врски, порачаа учесниците на денешниот бизнис форум во Скопје. Форумот го отворија шефот на македонската дипломатија и заменик минситерката за надворешни работи на Италија.