Македонија
2. July 2025 - 12:23

Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд

Останува загрижувачка состојбата со рибниот фонд во Охридското езеро. По пауза од шест години се врати  вештачкиот мрест со кој процес научниците од Хидробиолошки институт се надеваат дека ќе се подобри состојбата со популацијата на оваа ендемична риба пастрмка.

Потребна е поголема заштита на езерото од рибокрадците кои не запираат секојдневно ги пустошат ендемичните риби за кои долг период наназад се предупредува дека се на раб на исчезнување.

Истражувањата на заводот спроведени во 2021 и 2022 додина за регистрација на промените во популациите на охридската пастрмка покажале дисбаланс во однесувањето, начинот на исхрана и нивниот животен циклус.