Рокот за запишување идни пилоти продолжен до 20 октомври
Рокот за запишување на идните пилоти е продолжен до 20 октомври 2017 година, информира Министерството за одбрана.
Министерството и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје ги известуваат сите заинтересирани млади лица со завршен прв циклус на студии, кои имаат желба и ги исполнуваат условите согласно Конкурсот за слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација можат тоа да го сторат до 20 октомври 2017 година.
На објавениот конкурс можат да се пријават сите на возраст до 28 години, со завршено високо образование и добра психофизичка состојба.
Подетални информации во врска со општите и посебните услови од Конкурсот може да најдете на следниов линк:
http://morm.gov.mk/?
Ново на Сител
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември
-
Преглед на вестите од светот