Рокас: Судството мора да има средства и буџет за независна работа
Евроамбасадорот Михалис Рокас ја истакна позицијата на Европската Унија во врска со интерпелацијата на членови на Судскиот совет, разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски и борбата против корупцијата. Рокас нагласи дека препораките на групата експерти мора да се следат и спроведат, бидејќи тие се дел од стандардите на ЕУ за владеење на правото и најдобрите европски практики. Тој посочи дека ЕУ одблизу ги следи случувањата со разрешувањето на Коцевски и нагласи дека е значајно на судството да му се дадат доволни услови за да ја сработи својата работа.
Во врска со интерпелацијата на членови на Судскиот совет, во вечерашното гостување на „Тема на денот“ на Сител телевизија, евроамбасадорот Рокас нагласи дека оние кои даваат легална основа за оставка се законите на државата и процесот кој треба да се следи. Тој додаде дека ЕУ дава повеќе препораки во годишниот извештај што го објавува секоја година во октомври за земјата, за процесот на проширување и механизмите за транспарентност.
-Ние сметаме дека овие препораки мора да ги следите, но, се разбира, како што кажавте, резултатите од интерпелациите немаат законска обврзница за оставки. Оние кои даваат легална основа за оставка се законите на државата и процесот кој треба да се следи, согласно најдобрите европски практики. Па тие интерпелации се прашање на загриженост за нас, додаде Рокас
За разрешувањето на Љупчо Коцевски, Рокас истакна дека ЕУ одблизу ги следи случувањата и дека најважно е да се воспостави независно правосудство и јавно обвинителство.
-Очигледно ние сето ова одблизу го мониторираме и она што најмногу ни значи е да работиме напорно за воспоставување на независно правосудство и јавно обвинителство, како и совет на јавни обвинители кои можат да ги спроведат сите неопходни реформи внатре во системот. Се се врти околу процесот, фер процес во судскиот систем, а не околу индивидуалните решенија, рече Рокас, додавајќи дека е апсолутно неопходно да се воспостави систем во кој судството може да работи, но исто така и да избира и разрешува низ процедури кои не се подложни на никакви надворешни или политички влијанија.
Во однос на борбата против корупцијата, Рокас рече дека целата активност на Владата мора да се насочи таму и оти гледа дека некои случаи се отвораат, се истражуваат и се работи на тој план.
Нагласи дека е значајно на судството да му се дадат доволни услови за да ја сработи својата работа.
-Судовите, ЈО, различните совети, мора да имаат средства и буџет за да работат без мешање и верувам дека ова е сфатено и дека владата работи на оваа цел, заклучи Рокас.
Ново на Сител
-
Николоски: Имаме јасна цел извозот во Велика Британија да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од три милијарди евра
-
Утре без вода дел од скопските општини Гази Баба и Карпош
-
Над 150 повредени во земјотресите во Истанбул
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
-
Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
-
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба