Честитка од Иванов до г.г. Стефан по повод празникот Богојавление - Водици
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.
- Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Чествувајќи го празникот на осветувањето на македонските води ја славиме традицијата на нашите предци која во себе ја содржи тајната која ни упатува дека преку покајание, љубов и добрина ја зацврстуваме верата, се наведува во честитката од претседателот Иванов.
Симболиката на чистината на водата и повторното духовно раѓање, како што нагласува Иванов, претставува повторно живеење во верата.
- Ваше Блаженство, честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите македонски граѓани кои го прославуваат празникот сакам да им порачам дека верата се потврдува со дела и преку љубов кон сите луѓе, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска
-
Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат