Решена мистеријата: Скопјанката Адеа Шабани пронајдена мртва кај Сакраметно, сведоци објавија шокантни детали
Расветлена е мистеријата околу судбината на скопјанката Адеа Шабани, која полицијата од Лос Анџелес ја водеше за исчезната еден месец.
Според полицијата, нејзиното тело е пронајдено минатиот четврток, во плитко ископан гроб, на околу 50 милји оддалеченост од Сакраметно, во Драј Крик, но било идентификувано денеска, објави албанскиот портал Албеу.
Полицијата најавила подетални информации на прес-конференција закажана за 15 часот по американско време.
Дваесет и петгодишната Адеа исчезна на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности.
Последен пат е видена во близна на блок 1700 во Wilcox Avenue, на неколку блокови оддалеченост од познатиот кинески театар во центарот на Холивуд, не многу далеку од местото каде што живеела.
Пријателите изјавиле дека ја оставила вратата отклучена, што подразбра дека очекувала брзо да се врати. Загрижените пријатели ја пребарувале областа, надевајќи се дека ќе најдат некакви траги, а нејзината мајка веднаш допатувала од Македонија.
Оние што ја знаат Шабани во почетокот мислеле дека е зафатена, но сомнежот се зголемил откако таа пропуштила важен час на Академијата за актерство на Стела Адлер. Тогаш тие се јавиле кај полицијата на Лос Анџелес.
Истрагата не дала никакви резултати до минатиот викенд кога Крис Споц, 33-годишен актер, кој бил во брак со друга жена, а бил во врска со Адеа, бегајќи од полицијата се самоубил пукајќи си во главата. Крис бегал со украдено возило. Набргу потоа било откриено дека тој бил еден од главните осомничени во истрагата за исчезнатата Адеа.
Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок кој видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.
Адеа Шабани на студии по актерство во Лос Анџелес заминала пред две годни.
Ново на Сител
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени
-
Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина
-
Мицкоски очекува уште поголема наплата на приходите: Во минатото голем дел од тие средства завршувале во нечии џебови, а денес во проекти за граѓаните