Реновиран Домот на културата во Богданци
Реконструкцијата на повеќенаменската сала во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци е успешно завршена, информира денеска општина Богданци.
Според Даринка Минова од службата за односи со јавноста на општината, за обновувањето на салата биле инвестирани 77.000 евра, средства кои биле обезбедени од буџетот на општина Богданци и преку европските фондови во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Богданци и Ќустендил од Бугарија.
- Реконструираната сала сега има 145 седишта и сценски простор од 72 метри квадратни кој овозможува услови за театарски претстави, музички, танцови и јавни настапи, кино и други визуелни проекции, рече Минова.
Таа потенцира дека со овој зафат целосно заврши реконструкцијата на внатрешниот простор на постоечкиот објект на Домот на културата во Богданци кој зафаќа вкупна нето површина од 715 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош
-
Тепачка во автобус на ЈСП во Чаир
-
19-годишен прилепчанец со остар предмет повредил сограѓанин - уапсен на Табановце
-
Две лица повредени во тешка сообраќајка во Скопје