Рекордна потрошувачка на вода во Скопје – „Водовод и канализација“ апелира за рационално користење
Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје денеска соопшти дека е регистрирана енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците од системот за мониторинг и мерење на дневната потрошувачка, на 23 јуни биле потрошени рекордни 356.000 кубни метри вода, што значи дека просечната потрошувачка изнесувала околу 700 литри по жител.
Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикуваат граѓаните кои ќе забележат диви приклучоци на мрежата, да ги пријават на телефонскиот број 02 3073 010, на e-mail адресата kontakt@vodovod-skopje.com.mk или преку веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk. Оттаму предупредуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика