Реконструкција на Владата до крајот на април
Премиерот Зоран Заев вчера најави дека очекува до крајот на април да заврши реконструкцијата на Владата.
Во однос на испразнетото министерското место за правда и дали тоа ќе остане за ДУИ, Заев рече дека преговорите за тоа прашање се во тек.
- Разговараме веќе за одредени кадри. Јас почнав разговори веќе со политички партии и со пратеници во самиот Парламент. Верувам дека согласно квалитетот на кадарите ќе бидат и назначени самите луѓе. Заради тоа и веднаш не излегувам со ново решение за министер за правда. Сакам да го искористам просторот на преговорите околу реконструкцијата на Владата и нејзиното зајакнување, па во целиот овој пакет ќе го пополниме и испразнетото место - министер за правда, а секако ќе настапиме и со другите решенија, рече Заев, по средбата со бизнис заедницата во Штип.
Од опозициските партии кои би можеле да станат дел од владејачкото мнозинство, со цел да ги поддржат реформските и интегративните процеси, во изминатиот период најчесто се споменуваат Беса и ДПА.
Во Парламентот движењето Беса има пет пратеници, додека ДПА на Мендух Тачи има двајца пратеници.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена