Македонија
7. February 2025 - 16:43

Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство

Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор. Апелација уште во средата му ја сменила казната со која беше испратен во поправен дом и одлучила за трговија дрога тој да одлежи 46 месеци во затвор. 
Одлуката на сајтот на судот беше објавена денеска. 

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет KЖ- 1047/24, на нејавна седница одржана на ден 05.02.2025 година, ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот В.Ј. од С., а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи“ – стои во соопштението на скопска Апелација.

По десетина дена молк, денеска пред јавноста се обратија родителите на Јованов. Изразија сочувство до семејството на Фросина

Родителите на Јованов рекоа дека не му дозволиле да вози без дозвола а тој автомобилот им го украл. Тврдеа дека подолг период не консумирал алкохол а кобната вечер се напил бидејќи негов пријател отворал кафуле. Објаснија дека живеат како просечно семејство и уверуваа дека немаат никаква поврзаност со судијката Алексовска Стојановска.

Васил Јованов се наоѓа во притвор откако на крајот од минатиот месец на Партизанска ја прегази Фросина која почина од повредите.