Регистрирани седум нови случаи на Ковид-19 во Албанија
Во Албанија, според денеска соопштените официјални податоци, во последното деноноќие регистрирани се седум нови случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка сега изнесува 789 лица, кај кои е потврдено присуството на новиот коронавирус.
Од новодијагностицираните пет лица се од Тирана и по еден од Круја и од Кукс.
– Од вкупниот број заразени во списокот на оздравени се 519 лица, додека за жал борбата со опасниот вирус и покрај сите напори на лекарите, ја изгубија 31 лице. Моментно во земјата има 239 активни пациенти со коронавирус, поголемиот број од нив со лесна форма и се лекуваат во домашни услови, изјави Еугена Томини од Инситутот за јавно здравје.
Имајќи ги во предвид овие податоци, додаде таа, актуелната епидемиолошка ситуација се оценува како стабилна.
Во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 31 пациент, што е најмал број досега, од нив седуммина се на интензивна нега.
Досега во Албанија направени се вкупно 8.669 тестирања, заедно со 171 тестирање во последното деноноќие.
Ново на Сител
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее