Регистрирани отстапувања на квалитетот на водата во кумановските села
Повремени отстапувања на квалитетот на водата за пиење во однос на хемискиот и бактериолошкиот состав во водоснабдителните системи во руралните средини од Куманово, покажуваат резултатите од испитувањата што ги спроведувааат надлежните екипи од кумановскиот Центар за јавно здравје, информираат денеска надлежните од оваа здравствена установа.
Отстапувања има речиси во сите села кои гравитираат околу Куманово. Според специјалистот за хигиена од Центарот за јавно здравје, отстапувањата во однос на хемискиот состав најчесто се јавуваат поради зголемени концентрации на нитрати кои варираат во зависност од врнежите, додека отстапувања во однос на бактериолошкиот квалитет се јавуваат од причина што во ниту еден водоснабдителен објект, во ниту еден водовод, во руралната средина не постои дезинфекција на водата за пиење.
- Таблетите за дезинфекција повеќе се наменети за индивидуална употреба, во овие водоснабдителни системи за постигнување трајно решение потребно е да се постави опрема за континуирана дезинфекција на водата, обезбедување на санитарно-заштитна зона околу водозафатот и повремено чистење на инсталациите, изјави доктор Величковски.
Квалитетот и безбедноста на водата за пиење во руралната средина во Куманово се следи според годишната програма во Центарот за јавно здравје од јавните водоснабдителни објекти кои постојат во руралната средина, објекти кои снабдуваат со вода за пиење повеќе од дваесет жители или повеќе од пет домаќинства. Согласно програмата, се следи водоснабдувањето во руралните средини од локалните селски водоводи и од јавните чешми, онаму каде не постојат водоводи.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска