Регионална конференција за модернизација на јавната администрација
Националната академија за јавна администрација на Република Србија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) на 6 и 7 октомври годинава ќе организира онлајн регионална конференција за модернизација на јавната администрација. Слоганот на конференцијата е „Поврзете се регионално – усовршете се индивидуално“, а ќе може да учествува и македонската јавна администрација.
Повеќе од 20 високи претставници на владите од Балканот, меѓународни експерти во областа на јавната администрација, комуникации и дигитализација ќе имаат можност да споделат искуства за комуникациските предизвици и примери за практична дигитализација на јавните администрации во регионот во текот на два дена, преку пет панели и шест работилници.
-Оваа конференција е еден од резултатите на успешната соработка помеѓу Националната академија и УНДП, на која сме многу горди. Со конференцијата го поврзуваме регионот и презентираме практична дигитализација и комуникација на јавните администрации и иницираме дискусии на теми од значење за модернизација на работата на јавните администрации и обезбедување услуги на граѓаните, изјави Дејан Милетиќ, директор на Националната академија за јавна администрација.
Онлајн конференцијата ќе се реализира во рамките на проектот „Обука за државни службеници за 21 век во Република Србија“, кој е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).
Пријавувањето е на следниот линк.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта