Регионална конференција за младинско претприемаштво во Западен Балкан
Во организација на Британскиот совет денеска во Скопје ќе се одржи регионална конференција за младинско претприемаштво во земјите од Западен Балкан.
Претставници од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора на заедничка маса ќе расправаат за прашања поврзани со младинското претприемаштво и за можностите за регионална соработка на ова поле. Поканети се 50 учесници од регионот, вклучувајќи креатори на политиките и носители на одлуки, претставници на деловниот сектор, како и млади и креативни претприемачи.
Говорници од Велика Британија и од петте земји од регионот ќе дискутираат на темата „Поттикнување на младинското претприемаштво низ четири тематски области: претприемаштвото во образовните реформи, владини политики и мерки, гледиштата на деловните инкубатори и улогата на младинксите мрежи и организации.
Како што е најавено, конференцијата треба да ја отворат министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Едмунд Гарет и регионален директор за образование во Британски совет Хелен Силвестер
Конференцијата се спроведува како дел од проектот „Поттикнување на младинското претприемаштво во регионот на Западен Балкан“ и е поддржан од Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство и Северна Ирска и ги опфаќа петте земји од регионот: Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.
Ново на Сител
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола
-
Во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани отворена нова спортска сала за 200 ученици
-
16 дена активизам против насилство врз жени и девојки
-
Млади во земјоделието
-
Преглед на вестите од светот