Референдумот тема средбата на Димитров и шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Петерсен
Неодамна одржаниот референдум беше тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за неговото спроведување.
Димитров, како што соопшти Министерството за надворешни работи, изрази благодарност за работата на набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР за референдумот во Република Македонија и го повтори историското значење на плебисцитот кој е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ.
- Министерот Димитров ја потенцираше важноста од набљудувањето на Референдумот од страна на ОБСЕ/ОДИХР и ја реафирмираше подготвеноста на Република Македонија за продолжување на долгогодишната соработка со ОДИХР, а особено во насока за подобрување на сите аспекти на Законот за референдум и вкупно на нашиот изборен систем, се вели во соопштението од МНР.
Амбасадорот Петерсен се заблагодари за соработката која ја оствари Набљудувачката мисија со Министерството за надворешни работи и со другите институции за реализирање на нивната мисија и ги пренесе ставовите од прелиминарните наоди и заклучоци за процесот на Референдумот.
Ново на Сител
-
Царината наплати над 190 милиони евра во април – речиси 13 милиони повеќе од лани
-
АХВ казни 14 месарници – Уништени над 300 килограми небезбедна храна
-
Мапирање на диви депонии со помош на вештачка интелигенција - пилот проект во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава