Речиси четвртина од децата на возраст од 10 и 11 години во Англија се со зголемена телесна тежина
Речиси секое четврто дете на возраст од 10 и 11 години во Англија е со зголемена телесна тежина, покажува најголемата студија за овој проблем, што укажува на „длабокото и алармантно“ долгорочно, негативно влијание на пандемијата со коронавирус.
Во текот на првата година од изолацијата, стапката на дебелина се зголемила за 45 отсто кај децата на возраст од четири до пет години и за 21 отсто кај децата на возраст од 10 до 11 години, открива анализа која опфатила повеќе од еден милион деца, пишува лондонски „Гардијан“.
Преваленцата на дебелината меѓу децата од предучилишна возраст оттогаш во голема мерkа се врати на очекуваните, иако и натаму загрижувачки, нивоа, но процентот на деца кои го напуштаат основното училиште со прекумерна телесна тежина, дебелина или тешка дебелина останува многу поголем отколку пред пандемијата.
Експертите велат дека ова е веројатно поради тоа што помалите деца се вратиле на поздрав начин на живот, но многу постари деца развиле лоши навики во исхраната, недоволно вежбале и поминувале долго време пред екранот.
Зголемувањето на бројот на деца кои се на пат да имаат зголемена телесна тежина или имаат зголемена телесна тежина од почетокот на пандемијата значи дека уште најмалку 56.000 деца ќе пораснат со зголемен ризик од дијабетес тип 2, рак и други сериозни болести, предупредуваат истражувачите од Националната Институт за истражување на здравјето и негата во Саутемптон при Биомедицинскиот истражувачки центар на Универзитетот во тој град.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел