-->
-->
Реакции од Кина за царините од САД: Продолжува злоупотребата
-->
Почнаа да пристигнуваат првите официјални реакции од Кина во врска со американските царини од 104 отсто воведени на кинески стоки.
„САД продолжуваат да ги злоупотребуваат царините за да вршат притисок врз Кина. Кина одлучно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати овој облик на насилничко однесување“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека ако САД навистина сакаат да ги решат проблемите преку дијалог и преговори, треба да заземат „став на еднаквост, почитување и взаемна корист“.
„Кина ќе продолжи да презема решителни и ефективни мерки за заштита на своите права и интереси“, рече Лин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани