Македонија
26. December 2023 - 14:12

Развојната банка со нови производи и мерки во износ од 215 милиони евра ќе поддржи 855 домашни компании

Развојната банка изминатите пет години кога светот се сочуваше со кризи незапаметени на глобални размери, одигра значајна улога во зачувување на ликвидноста на компаниите, задржување на работните места и развој на економијата и во услови на глобални поместувања...Како институција постои 25 години, но ваква клучна улога немала досега како последните четири години во услови на здравствена, ценовна и енергетска криза. Тоа денеска го посочи премиерот Димитар Ковачески на прес-конференцијата по повод одбелжувањето на 25-годишнината од основањето на Развојната банка на Северна Македонија.

Премиерот пред медиумите истакна дека во периодот од 2019 до 2023 година во време на ковид-кризата кога стопанстовото беше целосно затворено, преку Развојната банка поддржани беа 4.148 компании и 37.723 работни места со бескаматни кредити во износ од 45 милиони евра. Во услови на енергетска криза поддржани се 535 компании и 5.210 работни места со кредити во износ од 32 милиони вера. Преку фондот за развој подржани се 54 компании и 378 работни места со кредити во износ од 9,2 милиони евра.

- Изминатите пет години, Развојната банка преку реализација на антикризни мерки и воведување нови производи што веќе се реализираат, овозможи финансиска поддршка за компаниите во вкупен износ од 378,8 милиони евра, со што се поддржани  6.307 компании и 50.529 работни места, рече тој.

Следниот период, како што посочи Ковачевки, се очекува реализација на нови производи и мерки во вкупен износ од 215 милиони евра за поддршка на 855 домашни компании. Тука ја посочи и одлуката од минатата година за докапитализација на Развојната банка со десет милиони евра, средства за кои рече дека овозможија континуитет на кредитните линии за инвестиции за енергетска ефикансност и обновливи извори на енергија.

Премиерот ја поздрави сорботката меѓу сите засегнати субјекти, ресорни министерства и меѓународните финансиски институции кои заеднички работаат во насока на градење економија отпрна на крии и ризици, за бенефит на националнаото стопанство и граѓаните.

Кочачевски  ги истакна и новите воведени инструменти - граѓанската, зелната и структурната обврзница, насочени кон развојот на пазарот на капитал во земјата и забрзување на инвестициска активност преку мобилизирањетои на приватниот капител, односно истиот да се стави во функција на економскиот раст.

- Такви инструменти за остварување забрзан економски раст се и  воспоставениот гарантен фонд во Развојната банка што поддржува домашни компании и служи да го подобри и олесни пристапот до финансии преку деловнит ебанки со издавање гфаранции од Развојната банка...Со цел поголема реализација на гарантната шема, Министерството за финансии и Развојната банка подготвуваат олеснување на условите за користење на гаранциите што наскоро ќе бидат објавени, рече Ковачевски, посочувајќи ги тука и мерките како  царинските гаранции за поддршка на извозните компании, средствата од фондот за енергетска ефикасност за реализирање инвестици во обновливи извори на енергија на малите и средните претпријатија, енергетска ефикансост и заштита на животната средина.

Премиерот нотираше дека последните три години се донесени пакети антикризни мерки во износ од над две милијарди евра, со што се спасени повеќе десетици илјади работни места.

- Деветиот пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра, од кои 492 се за поддршка на ликвидноста на компаниите, конкурентноста и инвестициите во обновливи извори преку поволни кредити. Една од мерките се однесува и за обезбедување финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од три до девет илјади денари, мерка со која се опфатени над 70 илјади компании, рече меѓу другото Ковачевски.

Тој порача  дека домашните компании имаат сигурен партнер во Владата, притоа нагласувајќи дека иницијативите што се преземаат на национално ниво со кои се обезбедуваат финансиски средства за поддршка на економијата, заедно со иницијативите што во таа насока се воспоставени од партнерот - ЕУ, даваат поголеми можности за компаниите преку ваков соопфатен процес да станат поконкурентни на европскиот пазар и да се справат со предизвиците...

Извршниот директор на Развојната банка, Кире Наумов, посочи дека од основањето банката спровела активности за обезбедување поволни кредитни линии и други банкарски процедури што овозможуваат континуирана поддршка и одржливост на компаниите, особено во услови на криза.

- Само во досегашната реализација со нашиот стратешки партнер – Европската инвестициона банка, во шесте досега поминати фази и риволвинг-средствата од таа институција, Развојната банка само по тој основ има пласирано 804 милиони евра за поддршка на 3.941 проект при што се отворени нови околу 12 илјади работни места, рече тој.

Наумов истакна дека во тек е реализација седмата кредитна линија, вредна сто милиони евра, при што во рекордно кус период за само еден ден кон крајните корисници се пласирани 64,5 милиони евра.

- Потпишан е и договор со Француската развојна агенција за нови 50 милиони евра што веќе се оперативни и веќе од наредната година преку деловните банки ќе бидат достапни за корисниците, пред се за зелени и социјални инвестиции...Во завршна фаза е и обезбедувањето средства од банката за развој на Советот на Европа за 50 милони евра кои дополнително ќе бидат на располагаање на микро, малите и средните претпријатија во земјата, рече тој притоа посочувајќи ги тука и двата нови производи што ги нуди Развојната банка – откупување на извозни и домашни побарувања и факторинг односно откуп на побарувања од домашни односно странски побарувачи. Тој посочи дека во периодот од 2019 до 2023 година откупени се побарувања во вкупен обем од 28 милиони евра.

Говорејќи за развојот на Банката изминатите четири години, Наумов посочи дека активата на институцијата кумулативно е зголемена за 56,2 проценти, нето-кредитите се зголемени за 55 насто, капиталот на Банката кумулативно е зголемен за 35,2 насто и заклучно со средината на тековната година, 7,4 отсто од вкупните кредити на банкарскиот сектор пласирани кон нефинансиските друштва се со средства од Развојната банка на Северна Македонија.

Директорот на Развојната банка истакна дека во фокусот на институцијата и во иднина ќе бидат засилена поддршка на економскиот развој на државата преку поволни кредити, зголемена поддршка на извозот, поддршка на зеленото финансирање, како и поддршка на процеси поврзани со дигитализација и иновативни решенија на компаниите.