Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Следната недела в петок почнува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година во собраниската Комисија за финансирање и буџет.
До понеделник, 10 ноември, е рокот до којшто пратениците може да поднесат амандмани на Предлог-буџетот, а според најавите од претседателот на Собранието Африм Гаши, се очекува на 9 декември да се одржи пленарната седница.
Вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра.
Економскиот раст за следната година е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, Предлог буџетот ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, а паралелно со тоа и постепена фискална консолидација.
-Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, истакна министерката за финансии на 28 октомври презентирајќи го Предлог-буџетот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
