Отворени денови на Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје ги организира 10. Отворени денови од денеска до 14 ноември. Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи денеска со што воедно ќе биде одбележан и Светскиот ден на науката - 10 Ноември.
Како што соопшти Институтот, оваа година на Отворените денови ќе бидат одбележани јубилејните 80 години македонска азбука и македонски правопис, како и неколку годишнини од раѓања на македонски лингвисти - 100 години од раѓањето на Трајко Стаматоски, 105 - Божидар Видоески, 80 - Зденка Рибарова и 60 години од раѓањето на Убавка Гајдова.
На свеченото отворање поздравно обраќање ќе имаат: Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Светлана Пинева, државен советник во Министерството за образование и наука, Менче Андреева, директорка на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, и Симона Груевска-Маџоска, претседателка на Советот за македонски јазик.
Ќе бидат промовирани најновите изданија на Институтот и ќе биде поставена изложбата „Цвеќе на мирот“ од Живко Поповски-Цветин.
Во рамки на Отворените денови, на 12 и 13 ноември ќе се одржи 10. Меѓународна научна конференција, годинава на тема: „Mакедонскиот јазик – извор на научни истражувања“.
Отворените денови ќе завршат в петок, 14 ноември, со тркалезна маса со наставници по македонски јазик од училиштата во Кавадарци. На тркалезната маса ќе се дискутира за Правописот на македонскиот јазик.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
-

Девизните резерви во октомври зголемени за 120,5 милиони евра
-

Отворени денови на Институтот за македонски јазик
-

Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
-

Сенатот постигна договор: Завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД
-

Облачно, со повремени врнежи од дожд
