Македонија
9. November 2025 - 16:27

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот

Наместо трката за добивање петка, учениците и наставниците треба да се посветат на повеќе знаење и квалитетно образование. Еден од начините е зголемената примена на технологијата, но таа не треба да се гледа како замена за наставникот туку како помошник во образованието, порача министерката за образование Весна Јаневска, од Тетово на третата панел-дискусија  во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“. Според неа за подобро образование, треба да запрат и барањата и ургенциите на родителите за повисоки оценки , ако ученикот го нема потребното знаење.

Наставниците пак порачаа дека зад секоја „петка“ стои приказна за труд, охрабрување и доверба. Но разликата во оценките некогаш и денес е евидентна. 

Ресорната минисрека од Тетово испрати порака и до директорите на училиштата – проблемот со учебниците  е системски решен, одговорноста сега е кај нив ако ако не го почитуваат закониот и учениците се без учебник.

Проблемот со партиските вработувања во образованието треба да биде искоренет велат од МОН, а во таа насока е и подготовката на нов закон за наставници. Но со воведувањето на едносменската настава во скоро 200 училишта и намалувањето на бројот на ученици неопходна ќе биде и оптимизација на наставничката мрежа, потврди Јаневска. 

Претходно вакви панел дискусии се оддржаа и во Скопје и во Прилеп. Следната е во Куманово и последната завршна панел дискусија ќе биде во Скопје.